Фудбал
Киксираа во трката за титулата, а сега нови проблеми за Интер, Шкриниар и Конте на „ладење“
Нови проблеми за Интер во пресрет на продолжението на сезоната. Откако одиграа 3:3 против Сасуоло на домашен терен, во недела ги очекува уште потешка задача гостуваат на Парма, каде ќе бидат без Шкриниар, но и без тренерот Конте. Првиот е суспендиран поради црвениот картон на три меча, додека вториот поради жолтиот картон, што за него беше петта ваква опомена сезонава. Шкриниар ќе мора да плати и 10 илјади евра казна.