Кошарка
КК Соколи му гостува на Шкупи во рамките од седмото коло
Тимот на Карпош Соколи, кој во досегашниот тек од сезоната има само еден пораз вечерва од 18 часот му гостува на Шкупи, екипа што се наоѓа на последното место на табелата и нема ниту една победа.
Од 16 часот се игра дуелот во Гевгелија меѓу Кожув и Куманово, а за 13 закажан е почетокот на натпреварите Пелистер – Струмица и Блокотехна – Охрид.
Дербито на колото се игра утре, а тимот на Гостивар од 17 часот го пречекува лидерот на табелата Работнички.
Терминот на средбата Фени Индустри – МЗТ Скопје ќе се одреди дополнително бидејќи следува паузата поради настапите на националните тимови.