Connect with us

Фудбал

Клоп: Фирмињо ќе биде спремен за стартот на сезоната

Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп се надева дека Роберто Фирмињо и Трент Александер Арнолд ќе бидат спремни за почетокот на новата сезона од Премиер лигата.

Фирмиљо и Трент Александер Арнолд се приклучија на припремите на Ливерпул непосредно по завршувањето на Светското првенство во фудбал и краткиот одмор.

Се очекува во сабота да излезат на терен во пријателскиот натпреварот против Наполи, а Клоп е оптимистичен по прашањето за формата на овие двајца пред почетокот на новата сезона.

„Добро е да го видам Фирмињо со екипата, добро изгледа, ја одржал формата, можеме да сметаме на него против Наполи“, објасни Клоп.

Ливерпул на стартот на сезоната ќе ги одмети силите со Вест Хем во гости, а тој натпревар ќе го одиграат на 12. август.

„Што се однесува до младиот Трент, моментално ми делува добро на теренот, очигледно е дека работел по поинаква програма од остатокот од екипата, што е и нормално, со оглед дека доаѓа од младинска селекција. Она што го прави не е на највисоко квалитетно ниво за да моше да игра во првиот тим, но ќе работи со полна пара и ќе го достигне тоа“, кажа Клоп.