Connect with us

Фудбал

Клубот има 300 милиони евра, Нејмар доаѓа во Јувентус?

Контото на „Старата дама“ расте пред се од продажба на дресови, влезници и од телевизиските права, а најзаслужен за тоа е Кристијано Роналдо кој е прва ѕвезда на тимот и една од најголемите во светот на фудбалот.

Јувентус во 2020 година на располагање за засилување ќе има дури 300 милиони евра. Челниците планираат целиот износ да го потрошат на само еден фудбалер.

Клубот планира да го донесе Нејмар, но пзнато е дека ПСЖ нема намера да го пушти голгетерот додека не ја врати отштетата од 222 милиони евра што за него и ја плати на Барселона.