Connect with us

Фудбал

Кога е***о ќе сфатиш дека тој не е крило! Сопругата на играчот на Реал полуде и испрати порака до Анчелоти

Кризата во Реал Мадрид продолжи. Во вториот врзан домашен натпревар Реал доживеа пораз. Неодамна од Барселона во лигата со 4:0, вечерва од Милан во Лигата на шампионите со 3:1. Незадоволството избувнува во сите правци.

Реал Мадрид западна во криза и едноставно не личи на тимот од минатата сезона, а Карло Анчелоти се чини дека во моментов ги губи конците и веќе нема решение за насобраните проблеми, особено тактичките. Во дуелот против Милан се обиде да ги реши на полувремето со вадењето на Валверде, чија сопруга реши да се пресмета со Анчелоти на социјалните мрежи поради тоа што јавно го изрази своето незадоволство.

-Кога еб*но ќе сфатиш дека тој не е крилен играч? – напиша Мина Бонино.

Секако, на мрежите имаше и коментари дека претерува и дека тоа се тактички замисли на Анчелоти, а таа набрзо по сите коментари ја избриша објавата. Потоа дојде нова порака од Мина Бонино која ги насмеа сите:

– Ништо не напишав, ми го хакнаа профилот – додаде таа, но беше јасно дека се е напишано во момент на лутина.

Валверде е централен играч за врска, но често знае да игра како десен играч за врска или како крилен напаѓач, што го направи на натпреварот кој се одигра во вторникот вечерта, што не беше доволно да го запре Милан.