Фудбал
Кој ќе биде најдобар за 2017? – Во трка се Роналдо, Меси и Нејмар
Роналдо и Меси и оваа година се главни фаворити за престижната наградата, сепак, тука е Бразилецот Нејмар, кој за цел има да ја прекине нивната доминација и за прв пат да се круниса во најдобар светски фудбалер.
Но, дека нема да му биде лесно говорат фактите што Португалецот како бранител на трофејот од минатата година, може да се пофали со титулите во Примера и во Лигата на шампионите, но и со трофејот во Суперкупот на Европа и Суперкупот на Шпанија. Роналдо исто така има постигнато и 42 голови на 46 натпревари во сите конкуренции.