Connect with us

Фудбал

Колку заработи Нејмар за секој допир на топката и минута на теренот во Саудиска Арабија (ФОТО)

Бразилскиот напаѓач Нејмар (32) го повреди бутниот мускул, поради што ќе биде надвор од терените меѓу четири и шест недели, а ќе се утеши со богатиот договор од 300 милиони евра по сезона, кој го потпиша летото минатата година.

Нереалната висока плата долго време е тема на многу разговори, а станува и малку бизарно кога ќе се земат предвид некои податоци. Имено, Нејмар досега има заработено 120 милиони евра по гол, 40 милиони евра за 40 асистенции и повеќе од 17 милиони евра за секој одигран натпревар. За секој допир во играта заработил 306.000 евра, а за секоја минута на теренот 280.000 евра.

Да потсетиме, Бразилецот влезе во второто полувреме од натпреварот од Азиската Лига на шампионите меѓу неговиот Ал-Хилал и Естеглал (3:0) и го напушти теренот на четири минути пред крајот. Тоа беше негова прва средба по една година пауза поради тешка повреда на вкрстените лигаменти. Првично процениле дека ќе отсуствува две недели, но во меѓувреме лекарите процениле дека ќе му треба повеќе време.