Фудбал
Конечно се знае колку Баерн плати за Кејн!

Речиси цело лето траеја преговорите меѓу Баерн и Тотенхем за трансферот на Хари Кејн, кој на крајот пристигна во Минхен и многу брзо се покажа како одлично засилување за германскиот шампион.
Веќе подолго време се шпекулира колку Баерн го платил капитенот на Англија, се споменуваа бројки од над 110.000.000 евра, но тоа е далеку од вистината, тврди почесниот претседател на клубот Ули Хенес.
„За Кејн потрошивме 95.000.000 евра “, рече Хенес.
Дури и да е бројката поголема од онаа што ја споменува Хенес, тоа веќе не им смета на навивачите на Баерн, бидејќи тие имаат играч кој буквално сите шанси ги претвора во гол. Како што тоа го прави Роберт Левандовски со години…
По седум кола во Бундеслигата, Баерн има 17 бодови и е на третото место. Има два бода помалку од Леверкузен и еден од Штутгарт. Двете победи ги постигна во Лигата на шампионите, против Манчестер Јунајтед и Копенхаген.
Кејн оваа сезона одигра седум натпревари за Баерн, на кои постигна осум гола и забележа четири асистенции.