Connect with us

Фудбал

Ковачиќ е во Лондон, но работата може да ја расипе Гвардиола

Хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ сака да го промени клубот ова лето, па сега тој е во Лондон за да ги изврши лекарските прегледи и да потпише за Челзи.

Сепак, како што јавуваат британските медиуми, работата одлучил да ја расипе тренерот на “Граѓаните“ Гвардиола. Тој пред неколку денови рече дека пред крајот на преодниот рок сака да донесе уште еден фудбалер од средниот ред, а тоа изгледа треба да биде токму Ковачиќ.

Доколку Шпанецот во последен момент го „украде“ Ковачиќ од Челзи, тоа значи дека конечно ќе бидат завршени шпекулациите околу Миралем Пјаниќ и можниот трансфер во Манчестер Сити, затоа што Гвардиола тогаш би имал толкав број на играчи од средниот ред што би можел да пополни три средни редови, а не еден.

Инаку, Ковачиќ наводно во Лондон треба да стигне како дел од трансферот на Тибо Куртоа, но сепак не е јасно што ќе биде со Белгискиот голман.

Во секој случај се ќе биде појасно во текот на денот или во текот на утрешниот ден.