Connect with us

Фудбал

Ковачиќ ова лето се враќа во Интер?

Младиот хрватски репрезентативец Матео Ковачиќ не е во плановите на Зинедин Зидан, па голема е веројатноста во летниот преоден рок да го напушти Реал Мадрид.

Ковачиќ минатата сезона настапуваше во дресот на Челси како позајмен фудбалер, а со оглед на тоа што лондонскиот клуб има забрана за трансфери и не може да го откупи неговиот договор, тој ќе се врати на „Сантијаго Бернабеу“.

Но, шпанските медиуми тврдат дека Ковачиќ ќе мора да побара нов клуб, затоа што Хрватот не бил во плановите на Зинедин Зидан за идната сезона.

Целата ситуација ќе се обиде да ја искористи Интер за да го доведе ова лето на позајмица хрватскиот фудбалер кој веќе настапуваше за „Нераѕурите“ пред за 38 милиони евра да се пресели во Реал Мадрид во 2015-та година.

Извор: Точка