Connect with us

Фудбал

Кристијано Роналдо сака да остане во Ал Наср до 2027 година.

Португалскиот фудбалер на Ал Наср, Кристијано Роналдо сака да го продолжи договорот со клубот од Саудиска Арабија до јуни 2027 година, пренесуваат локалните медиуми.

Кристијано Роналдо (38) на крајот на минатата година потпиша договор со Ал Наср до јуни 2025 година.

„Роналдо им кажа на клупските челници дека сака да остане. Тој планира да игра на Светското првенство во 2026 година како играч на Ал Наср. Планира да ја заврши кариерата по Светското првенство“, изјави извор близок до португалскиот фудбалер.

Португалецот наводно на раководството на клубот му рекол дека е среќен во Ал Наср и задоволен од животот, како и дека планира долгорочен престој во Саудиска Арабија.

Роналдо ќе ја предводи селекцијата на Португалија во натпреварите против Словачка и Босна и Херцеговина во квалификациите за ЕП 2024 година.

Локалните медиуми потсетуваат дека португалскиот фудбалер во Ал Наср заработува околу 200 милиони долари годишно. На 36 натпревари за клубот од Саудиска Арабија, Роналдо постигна 31 гол во сите натпреварувања.