Connect with us

Фудбал

Крос: Индивидуалните награди во фудбалот ми изгледаат сосема непотребни

Германскиот играч за врска во „пензија“, Тони Крос изјави дека индивидуалните награди во фудбалот изгледаат целосно непотребни. Во интервју дадено за подкастот „А до Ш“, поранешниот германски играч рече дека „без тимот, поединецот не би бил ништо“. Во исто време, тој ја ценеше неговата улога во тимовите каде што играше.

„Без поддршката од тимот, Тони Крос не би освоил ништо. Можеби во фудбалски тим е потребен Тони Крос. Затоа секогаш се трудев соиграчите да ги ставам во позиција да даваат максимум, за да можеме да ги добиваме натпреварите“, потенцира тој.

Запрашан за крајот на кариерата, поранешниот играч на Реал Мадрид објасни дека отсекогаш сакал да ја заврши на највисоко ниво, бидејќи имал искуство да игра со многу играчи од елитно ниво:

„Сè уште имаше промени овде-онде. Постојаното патување и далеку од семејството ме истроши со текот на годините. Можеби после 5 години ќе кажам дека пребрзо се пензионирав, но сега се чувствувам добро“.

За неговите идни цели, Крос прокоментира: „Во моментов не сакам да тренирам во професионален фудбал, но ќе отворам младинска фудбалска академија во Мадрид“.