Connect with us

Фудбал

Крстајиќ останува селектор на Србија, но ќе добие советници

Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Младен Крстајиќ, ќе ја задржи функцијата, но ќе добие советници.

Иако Србија го заврши настапот на Светското првенство во Русија уште во групната фаза, сепак селекторот не беше директно посочен за овој резултат. Меѓутоа, имаше забелешки околу тактиката која ја постави Крстајиќ и поради тоа ќе добие советници.

Како што пишуваат белградските медиуми нему најверојатно ќе му помага Милорад Косановиќ, а се споменува и името на Решад Куновац, кој и во периодот од 2008 до 2010 година беше ангажиран како асистент во српската репрезентација.

Србија следниот официјален натпревар го игра против Литванија на седми септември.