Connect with us

Фудбал

Куман објасни, играч на Ливерпул, а не посакуван во репрезентацијата

Селекторот на холандската фудбалска репрезентација Роналд Куман денеска објасни зошто Рајан Гравенберх не бил повикан за претстојните обврски.

Играчот од средниот ред на Ливерпул повторно не се најде на списокот на Роналд Куман, а главна причина е фактот што минатиот месец ја одби поканата на селекторот на младата репрезентација.

„Имаме свое мислење за него откако ја одби поканата за младинската репрезентација. Патем, тој не игра многу за Ливерпул “, рече Куман.

Гравенберх во последниот ден од преодниот рок пристигна од Баерн Минхен за 40 милиони евра, а не може баш да се пофали со минутажа кај Јирген Клоп.

Во Премиер лигата одигра четири натпревари, но на теренот помина вкупно 69 минути. Вкупно во сите натпреварувања има осум настапи, гол, две асистенции и 296 минути на теренот во сите натпреварувања.