Фудбал
Куман принуден да експериментира: Составот на Барселона вечерва ќе биде посебна приказна
Фудбалерите на Барселона играат на гостински терен против Динамо Киев во рамките на четвртото коло од групната фаза во Лигата на шампионите.
Каталонците славеа со 2: 1 на претходниот дуел на овие екипи, а вечерва се доста слаби што се однесува до бековската линија. Повредите ги нарушија плановите на Роналд Куман, кој реши да ги остави Лионел Меси и Френки де Јонг во Барселона.
Јасно е дека холандскиот стручњак ќе направи многу измени во својот состав, а тоа особено се однесува на стоперската позиција каде ќе игра со Мингуез, кого не сме го виделе досега.
Исто така, се очекува дека бх. репрезентативецот Миралем Пјаниќ ќе игра од првата минута. Но, јасно е дека составот на Барса ќе биде доста различен и многу невообичаен од она што сме навикнати да го гледаме.
Веројатно составот на Барселона: Тер Штеген, Дест, Мингуез, Ленглет, Жорди Алба, Алена, Пјаниќ, Кутињо, Педри, Тринкао, Гризман.