Connect with us

Фудбал

Куп на Германија – Кога Дортмунд е во неволја, Ројс! Леверкузен се мачеше со третолигашот!

Фудбалерите на Борусија Дортмунд на домашен терен го победија Хофенхајм со резултат 1:0.

Стрелец на единствениот гол за „милионерите“ на средбата на двајцата бундеслигаши беше Марко Ројс во 43. минута, а гостите го завршија мечот со играч помалку по исклучувањето на Кабак.

Баер Леверкузен го совлада Сандхаузен со 5:2 како гостин, но не помина така лесно за „фармацевтите“, иако имаа предност по првите 45 минути благодарение на голот на Езекиел Паласиос од пенал во 21. минута.

Сандхаузен израмни во 50. минута со голот на Елих во 50. четири минути подоцна Џонатан Та ја врати предноста на Леверкузен, а во 57. Бен Бала повторно го израмни резултатот.

Драмата траеше до 85. минута кога погоди Адам Хложек, а конечниот резултат го постави Амин Адли со головите во 88. и 92. минута од натпреварот.

Падерборн направи изненадување во Фрајбург каде победи со 3:1.

По првите 45 минути второлигашот има два гола предност благодарение на Билбија и Муслија, а Билбија погоди во 56. минута.

Утешниот гол за Фрајбург го постигна Егештајн во 70. минута.