Connect with us

Фудбал

Куп на Италија – Второлигашот ја мачеше Џенова, но Гудмундсон закажа пресметка со Лацио!

Фудбалерите на Џенова денеска се пласираа во осминафиналето од Купот на Италија откако на домашен терен ја совладаа Реџина со 2:1.

Членот на Серија Б се покажа во одлично светло против селекцијата на Алберто Џилардино, а прв стигна до голот во 37. минута кога Варела Џаманка го искористи додавањето на Нарди и со прецизен удар го совлада Леали.

Џилардино се обиде и успеа да го размрда тимот со измени, па Џенова израмни во 53. минута со голот на Риџијан Хапс.

По 90 минути немаше промена во резултатот, па мечот продолжи со продолженија во кои тимот од Серија А успеа да ја елиминира Реџина.

Се играше 99. минута кога Малиновски мудро го проигра Алберт Гудмундсон, на кој не му беше тешко да ја затресе мрежата на Сатали.

Џенова во осминафиналето од Купот на Италија ќе игра против Лацио.