Connect with us

Фудбал

Куп на кралот – Без изненадувања, Севиља и Селта лесно со шестолигашите

Фудбалерите на Севиља на гости го совладаа тимот Квинтанар де ла Орден со резултат 3:0.

Шпанскиот шестолигаш пружи доста солиден отпор против апсолутниот фаворит кој вадеше претежно играчи за помала минутажа на теренот.

Тие си ја завршија работата практично по првите 45 минути со головите на Рафа Мир во 22 минута и Јусуф Ен Несири во 40 минута од натпреварот .

Адриа Педроса го постигна конечниот гол во втората минута од судиското надополнување.

Првата пречка ја мина и Селта која како гостин ја совлада Турегана со 4:0.

Тимот од Виго поведе во 12. минута со голот на Џонатан Бамба , а  фудбалерот на Брегот на Слоновата Коска погоди во 33. минута.

Во вториот дел блескаше замената на Бамба, Карлес Перез, кој погоди во 61. и 71. минута за да го постави конечниот резултат против шестолигашот.