Connect with us

Фудбал

Лас Палмас победи против Алмерија во судиското надополнување

Лас Палмас ја совлада Алмерија на гости со 2:1 во 11. коло од шпанската Ла Лига.

Во првото полувреме Лас Палмас имаше поголем посед на топката и ја круниса теренската иницијатива во 29. минута кога Мароканецот Ел Хадади погоди на додавање на Марвин.

Домашниот тим го израмни резултатот во 73. минута, кога замениот Рамазани погоди само десет минути по влегувањето во игра.

Сепак, Кабо се погрижи Алмерија да остане со празни раце, па во четвртата минута од судиското надополнување му ги донесе сите три бода на Лас Палмас.

Ова беше четврти триумф за тимот од Канарските острови и моментално го држи 10. место на табелата со 14 бодови. Алмерија допрва ќе победи и со три бода се израмни на последната 20. позиција.