Connect with us

Кошарка

Лавар Бол: „Дајте ми ја екипата со младите професионалци и моите резултати ќе бидат подобри за клубот, отколку овие моментно кои ги имаат“

Таткото на Лонзо Бол, Лавар, не престанува со провокациите за клубот во кој игра неговиот син. Тој смета дека клубот, “езерџиите” може да ги искачи на врвот во НБА лигата.

Лејкерси во своите редови имаат голем број млади кошаркари, но резултатите не се најдобри, а не е во врвна форма ниту Лонзо Бол, новиот лик од франшизата. Меѓутоа, неговиот татко го има решението за поранешниот шампион.

Сите говорат: “Тие момци се млади и недоволно искусни”. Во ред, јас ги посакувам тие млади кошаркари. Дајте ми ја екипата со младите професионалци и моите резултати ќе бидат подобри за клубот, отколку овие моментно кои ги имаат, порача Лавар, алудирајќи дека е подобар тренер од моменталниот Волтон.

Имам над 50 години и добро ја познавам нивната игра. Но, кога на клуша имате 38 годишен тренер, можеби на таквиот човек му е потребно искуство. Можеби играчите не се премногу млади, туку тоа се однесува на тренерот. Некој не може да го каже тоа освен јас, бидејќи ја познавам нивната филозофија. Дадете ми го на мене клубот и гарантирам дека екипата ќе биде на врвот, бидејќи не им се дава подеднаква можност на сите кошаркари кои ќе можат да го понудат најдоброто, додаде самоуверениот коошаркарски стручњак.

На последниот натпревар, екипата на ЛА Лејкерс загуби по продолженија (113:109) на гостувањето кај Њујорк.