Connect with us

Фудбал

Леао се поигруваше со одбраната на Реал: Ова се головите со кои Милан го совлада Мадрид (ВИДЕО)

Фудбалерите на Милан синоќа во најголемото дерби од Лигата на шампионите го совладаа Реал Мадрид на гости со резултат 3:1, со што дополнително ја замрсија и онака неодгатливата табела во најелитното европско натпреварување.

По долги 14 години, синоќа во ова натпреварување се сретнаа двете најтрофејни екипи од Лигата на шампионите. Резултатот беше изедначен по 15 натпревари, но синоќа Милан ја постигна седмата победа против шестката на Реал. Иако резултатот тоа не го кажува, Росонерите целосно го надиграа својот ривал и апсолутно заслужија да слават. Дадоа голови во вистинските моменти и ја контролираа играта во текот на сите 90 минути. Се започна со голот на Малик Тиао за Милан во 12. минута по одличното нафрлување на Кристијан Пулишиќ, а Винисиус Жуниор од пенал во 23. минута зголеми на 1:1.

Тоа беше се што направи Реал. Уште пред да замине на одмор, Алваро Мората постигнува гол за ново водство на Милан.

Најубав детаљ на натпреварот беше голот на Тијани Рајндерс во 73. минута по мајсторскиот продор на Рафаел Леао. Тој го вработи својот сонародник Холанѓанец кој заврши одлична работа и ја запечати судбината на Реал.

Standings provided by Sofascore