Фудбал
„Ледениот Ерлинг“: Сити објави фотографија од закрепнувањето на Халанд на -200 степени Целзиусови (ФОТО)

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд игра во неверојатна форма на стартот од оваа сезона, а голема улога во неговите одлични настапи има неговото опоравување по тешките натпревари.
Норвежанецот за закрепнување користи криотерапија, односно примена на студ или мраз во физикална медицина и рехабилитација, па Граѓаните објавија фотографија од закрепнувањето на најдобриот играч на температура од -200 степени Целзиусови со опис „Ice Erling Haaland“ . На Халанд не му се непознати овие методи, бидејќи пред две години вложил 60.000 евра за да обезбеди услуги за криотерапија во својот дом во Чешир.
Ice cold @ErlingHaaland 🥶 pic.twitter.com/cwA4T5ZF3y
— Manchester City (@ManCity) October 24, 2024