Фудбал
Легендарниот ирски фудбалер со часови се криел во бункер, а потоа избегал од Израел

Поранешната ѕвезда на Премиершип, 43-годишниот Роби Кин, беше принуден да побегне од Тел Авив поради тековниот вооружен конфликт што се случува во Израел и Палестина. Имено, Ирецот првично бил принуден да минува часови во бункер поради напад на Хамас, објави Индипендент. Тренерот на израелскиот прволигаш Макаби од Тел Авив после тоа успеа да побегне во Грција.
Да потсетиме, рекордерот на ирската репрезентација по број на настапи и голови, по пензионирањето се пресели во тренерската работа, а најпрвин накратко беше дел од стручниот штаб на Сем Алардајс во Лидс, кој минатата сезона испадна од Премиершип.
Тој летово потпиша двегодишен договор со Макаби во својата прва независна тренерска функција и брзо го назначи поранешниот соиграч од Ирска, Рори Делап за свој помошник. Тие имаа успешен почеток на сезоната бидејќи го ставија Макаби Тел Авив на првото место во израелската Премиер лига со четири победи и едно реми во првите пет натпревари.