Фудбал
Легендата на спортското новинарство Златко Калински: Жал ми е што МТВ не испрати коментатор во Катар
– Во споредба со вкупната сума што се дава за да се откупат телевизиските права за светското првенство, за техничките потреби, мислам дека најмал трошок е еден или двајца коментатори да отидат на светското првенство. Гледачот го забележува тоа, вели долгогодишнито спортски новинар Златко Калински во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Тој додава:
Јас често комуницирам со своите колеги од МТВ, ми беше многу жал кога ми кажаа дека нема да оди ниту еден коментатор. Мислам дека е многу важно гласот на нашиот национален сервис да допре од поприштето на светското првенство, барем во завршниот дел, ако не и на почетниот дел. Сме имале таква практика на отворањето на големите манифестации и крајот да биде зачинет со коментирање на лице место. Мислам дека тоа е многу важно и за спортската програма и за гледачот, со поинакви очи ќе ги следи тие главни натпревари, вели Калински.
Целото интервју на Радио Слободна Европа