Connect with us

Други спортови

Левандовски останува во Баерн до 2023

Управата на Баерн (М) и Роберт Левандовски потпишаа нов договор, објавија од „Алијанц Арена“. Новиот договор меѓу двете страни е до 2023 година.

За мене, Роберт е најдобриот централен напаѓач во светот, изјави претседателот на Управниот одбор, Карл-Хајнц Румениге.
Во последните неколку недели, Баварците беа активни на пазарот за фудбалери. Тие ги обезбедија услугите на Иван Перишиќ, Филипе Кутињо и младинскиот репрезентативец на Франција, Микаел Кузанс.

Триесет и едно-годишниот Левандовски е во Баерн од 2014 година. Полјакот имаше договор до летото 2021 година.

Левандовски веќе стана најпрецизниот странец во историјата на Бундеслигата со 207 голови на 292 натпревари.

Извор: Нетпрес