Connect with us

Фудбал

Лигата само што не започна, а Мурињо не разговара со „оперативецот“ на Јунајтед

Наредниот викенд Манчестер Јунајдет игра против Лестер на отворањето на новата сезона од Премиер лигата, но ништо не е по мерка на Жозе Мурињо.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед веќе со недели повторува дека неговиот тим не е подготвен за напад на титулата и дека според него не е направена добра работа во преодниот рок. Тој сака барем уште два играчи, од кој примарна цел е стопер. Наводно играчот на Тотенхем Тоби Алдервирелд би требало да потпише во наредните 24 часа.

Меѓутоа, медиумите на „Островот“ тврдат дека Мурињо и извршниот директор на Јунајтед Ед Вудвард не се во најдобри односи и едвај зборуваат. Комуникација помеѓу нив скоро и нема, Жозе е лут, а Вудвард е еден од клучните луѓе за трансферите во Манчестер.

Наводно пред пријателскиот натпревар со Реал во Мајами во тунелот Жозе се расправаше со Вудвард, а сето ова беше главо поради тоа што Жозе е нервозен, не е задоволен од екипата и смета не може да биде шампион во Англија.

„Ливерпул би можел да биде шампион“, саркастично зборуваше Мурињо, а играчите како Фред и Далот очигледно не ги задоволиле апетитите на Португалецот.