Connect with us

Фудбал

Ливерпул без Ловрен отпатува за Катар по светската клупска титула

Европскиот клупски фудбалски шампион, Ливерпул, со 20 играчи замина за Доха каде што в среда го игра полуфиналето на Светското клупско првенство против мексикански Монтереј.

„Црвените“ се без хрватскиот дефанзивец Дејан Ловрен, кој се повреди на дуелот од ЛШ против Салцбург пред неколку дена, но затоа во составот е Џорџинио Вајналдум, кој вчера не го доигра дуелот со Вотфорд.

Ливерпул во вторник против Астон Вила треба да игра меч од Лига купот, но таму ќе настапат фудбалерите од тимот до 23 години. На турнирот во Доха, се очекува финале помеѓу Ливерпул и бразилски Фламенго, кој е првак на Јужна Америка.