Connect with us

Фудбал

Ливерпул ќе му дозволи на Кариус да го напушти клубот

Премиерлигашот Ливерпул ќе му дозволи на голманот Лорис Кариус во летниот трансфер прозорец може да го напушти клубот. Според англиските медиуми, тренерот на „црвените“ Јирген Клоп е подготвен да го ослободи 25-годишниот голман.

Кариус го загуби стандардното место во англискиот клуб по доаѓањето на Алисон. За него сега интерес покажува Бешикташ. Турскиот клуб ја разгледува можноста за изнајмување на Кариус.

Ако дојде до соработка меѓу Ливерпул и турскиот клуб, тогаш втор голман на „Црвените од Енфилд“ ќе биде Симон Миноле.

Кариус е член на Ливерпул од летото 2016 година. Има актуелен договор до 2021 година. Минатата сезона, голманот настапи на 33 натпревари, прими 31 гол, на 16 натпревари ја зачува мрежата.