Connect with us

Фудбал

Лопетеги разговарал со Перез и открил какви засилувања му требаат

Фановите на Реал Мадрид сеуште чекаат претседателот, Флорентино Перез да донесе некои звучни засилувања на Сантијаго Бернабеу, а се помалку време има за тоа.

Кралскиот клуб остана без најдобриот, Кристијано Роналдо кој ги изненади сите со одлуката да потпише за Јувентус. Веќе неколку недели, се шпекулираше дека Реал ќе донесе големо засилување и замена за Португалецот, но сé уште нема ништо во врска со тоа. Новиот тренер Јулен Лопетеги е свесен дека ќе му треба неколку нови имиња ако сака да биде конкурент оваа сезона на сите полиња.

Шпанските медиуми објавија дека Лопетеги и Перез се сретнале пред неколку дена и дека новиот тренер на клубот изјави дека сака неколку засилувања. Реал ова лето ги донесе Тибо Куртоа, Винициус Јуниор и Алваро Одриозола, но јасно е дека ова нема да биде доволно за да ги покрие сите позиции.

Лопетеги му дал до знаење на Перез дека му требаат три засилувања. Тој рече дека клубот треба да донесе еден стопер, играч од среден ред и напаѓач ако сакаат некои резултати во сезоната што не чека. До крајот на преодниот период остана помалку од три недели и сигурно ќе има многу работа на Бернабеу.

Најголемата желба на Перез ова лето е Еден Азар, но сега е јасно дека Челзи нема да дозволи овој играч да влезе во кралскиот клуб. Претседателот на Реал ќе мора да се сврти кон некои други играчи и ќе биде навистина интересно да се види кој ќе го донесе до крајот на овој месец.