Connect with us

Фудбал

Лоши вести за Барса и француската репрезентација, Кунде ги повреди лигаментите на коленото

Сериозни вести за Барселона и француската репрезентација.

Како што објави каталонскиот клуб преку својот Твитер профил, дефанзивецот Жил Кунде заработи повреда на лигаментите на левото колено на синоќешниот натпревар против Гранада, пренесува „Газета експрес“.

Поранешниот фудбалер на Севиља поради тоа нема да може да биде дел од тимот на Дидие Дешам во квалификациите за Евро 2024 година.

Се уште не е познато колку време ќе пропушти 24-годишниот играч, што ќе биде голем хендикеп за „блауграна“.