Connect with us

Кошарка

Лудница во Торонто по освоената титула (ФОТО+ВИДЕО)

Канадскиот клуб за прв пат триумфира во НБА лигата, а тоа предизвика невидено славје на неговите навивачи.

Торонто репторс за прв пат во клупската историја ја освои шампионската титула во НБА лигата откако во големото финале го совлада Голден Стејт вориорс со 4:2 во победи.

Десетици илјади жители и навивачи на Торонто го следеа натпреварот во живот од „Џурасик паркот“, а по победата над „воините“ уште неколку десетици илјади навивачи излегоа да ја прослават титулата.

Извор: Слободен печат