Connect with us

Други спортови

Лук Шо еден месец ќе паузира

Левиот бек на Манчестер Јунајтед, Лук Шо, поради повреда ќе ги пропушти наредните четири натпревари. Шо се повреди во саботата против Кристал Палас (1-2).

Повредата на Шо е само уште еден проблем за менаџерот Оле Гунар Солскјер, чии тим не делува убедливо од стартот на сезоната.

Шо ќе ги пропушти наредните четири натпревари од кој два се против големите ривали на Јунајтед (Лестер, Вест Хем, Арсенал, Ливерпул).

Ветеранот Ешли Јанг ќе ја пополни позицијата на која игра Шо.

Инаку минатата сезона беше прва за Шо по доаѓањето од Саутемптон во која запишал повеќе од 20 настапи во Премиер лигата. Тој од страна на навивачите е прогласен за најдобар играч на клубот во минатата сезона.

Извор: Нетпрес