Connect with us

Кошарка

Лукајиќ: Мора да се затвориме во сала и да работиме

Новиот пораз на МЗТ Скопје Аеродром во АБА лигата само ја продлабочи кризата на македонскиот шампион. Опстанокот е се подалеку, а тренерот Жељко Лукајиќ не е задоволен од учинокот.

На прес-конференцијата по поразот на домашен терен од Игокеа (68:77) тренерот изјави:

– Тешко е да се зборува по поразите, но знаејќи ги маките и проблемите,… Мислам дека загубивме поради наши грешки на додавање во последниот период.Во одбраната мора да ја подигнеме и силата на играта. Имаме проблем дека имаме само еден плејмејкер (Мавра). Сега мора да се затвориме во сала и да работиме и да се обидеме да направиме нешто и никогаш да не ни се повтори ваква сезона. Последни 10 дена трениравме со двајца јуниори за да имаме десет играчи. И тоа не кочи во овој момент, но не е оправдување, изјави Лукајиќ.