Connect with us

Фудбал

Лукаку ги шокира Белгијците: Наскоро е време за крај…

Изненадувачко збогување од фудбалската репрезентација на Белгија најави Ромело Лукаку.

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед моментално е во најдобрите години, меѓутоа во државниот тим не се гледа уште долго, со оглед на тоа што во последното интервју најави дека Европското првенство 2020. за него би било последно.

„Мислам дека после Европското првенство ќе престанам да играм за репрезентацијата на Белгија“, кажа Лукаку, па со оваа изјава просто ги шокираше белгиските навивачи.

Иако веќе почна да размислува за пензија, својот статус во репрезентацијата не сака да го препушти на никој.

„Се уште го немам достигнато врвот. Младите момци во репрезентацијата се обидуваат да ми го земат местото, ги гледам како конкуренција, но јас не сакам да го дадам. Можеби ќе го добијат за некои две години“, додаде Лукаку.

Лукаку на Светското првенство во Русија постигна четири погодоци, а за националниот тим дебитираше во 2010. година.