Connect with us

Тајмаут

Лукаку ќарил убавица: Прави хитови во САД, има 30 милиони фанови и оди на свадба со него (ФОТО)

Иако белгискиот фудбалер Ромелу Лукаку не е од оние кои ги полнат насловните страници со детали од неговиот приватен живот, фотографиите направени на свадбата на неговиот соиграч Лаутаро Мартинез би можеле да го променат тоа. Силниот напаѓач е фотографиран од страна во друштво на атрактивната американска раперка Меган Ти Стелион, а на една од фотографиите се забележува дека се држат за рака!

Веднаш почнаа гласините за врската на познат фудбалер и Американка, а на социјалните мрежи се добива впечаток дека обожавателите на пејачката првпат слушнале за познатиот фудбалер. Неговите фотографии ги преплавија социјалните мрежи, па оние кои уживаат во музиката што ја создава Меган сега имаат нова тема – физичкиот изглед на Ромелу Лукаку.