Connect with us

Други спортови

Мајами ја одложи дискусијата со сопствениците на Ф1 за организација на Гран-при

Властите на Мајами ја одложија дискусијата за организација Гран-при викенд во Формула 1, пишува „Мајами Хералд“.

Првиот состанок требаше да се одржи на 26 јули, но беше одложен за август или септември.

– Ние само сакаме да бидеме сигурни дека правиме сè на вистински начин, рече градоначалникот на градот Емилио Гонзалес.

Во мај, тој беше овластен да преговара за 10-годишен договор со „Либерти Медија“, сопствениците на Ф1.

Планираната трка во Формула 1 во Мајами ќе се одржи помеѓу 5 октомври и 15 ноември следната сезона.