Кошарка
Макаби не ја продолжува Евролигата?

На повидок е најлошото можно сценарио за Макаби Тел Авив.
Според истакнатиот литвански кошаркарски новинар Донатас Урбонас, главен уредник на веб-страницата „Баскет њуз“, неколку клубови учесници во Евролигата се противат на продолжување на учеството на Макаби поради војната во Израел.
Комплетниот тим на Макаби се пресели на Кипар, но Евролигата донесе одлука „Гордоста на Израел“ се уште да не може да игра како домаќин, па натпреварот од третото коло помеѓу Макаби и Валенсија се пресели во Шпанија.
Урбонас предупредува дека Макаби ќе ја има истата судбина како и руските клубови поради нивното учество во војната.
„Минатата недела имав неколку разговори за Макаби кои ме загрижија. Не разбрав дека ситуацијата е толку сериозна околу нивното учество во Евролигата оваа сезона. Знам за страшните работи што се случија, што отидоа на Кипар, си помислив би нашле некој неутрално место, таму ќе играат и тренираат и во одреден момент ќе се вратат во Тел Авив, но од некои важни луѓе слушнав дека има загриженост за нивната иднина.Има мислења дека Макаби може да биде суспендиран од Евролигата Како ЦСКА Москва. Тие учествуваат во војна и тоа е предупредување за сите“, рече Урбонас.
Белградски Партизан се понуди да биде домаќин на Макаби, но Урбонас смета дека израелскиот тим нема да биде секаде добредојден гостин.
„Не го споредуваме влијанието на Русија и Израел во тие војни, туку зборуваме за тим кој може да биде мета кога ќе замине. Исто така на Твитер забележав дека имаше транспаренти за Слободна Палестина на натпреварот помеѓу Панатинаикос и Баерн. Имаат многу непријатели. Слушнав од некои тимови од Евролигата дека поради безбедност се врши голем притисок врз домаќинот, затоа што не знаат што може да се случи. Ова веќе доведе до многу прашања. Како ќе му гостуваат на Макаби? Каде ќе игра Макаби? Слушнав дека се јавиле и рекле дека за две-три недели се ќе биде добро и ќе играат на гости, но слушнав и дека противничките играчи нема да одат во Израел“, Урбонас е загрижен за судбината на Макаби.