Connect with us

Кошарка

Макаби се сели од Тел Авив

Поради војната во Израел, Макаби од Тел Авив беше принуден да се пресели надвор од границите на оваа земја. Натпреварот од второто коло од Евролигата против Олимпија Милано мораше да биде одложен поради споменатите настани.

Клубот објави дека новата база на Макаби ќе биде на Кипар. Странските играчи ќе летаат за Кипар, а во наредните денови ќе им се приклучат и останатите играчи.

Поради конфликтот во Израел и одлуката за паузирање на спортските настани во земјата, Макаби не беше домаќин на Ирони Кирјат во неделата.

Покрај играта на Макаби, прекинат и дуелот од второто коло во Еврокупот помеѓу Хапоел Тел Авив и Волвс.