Connect with us

Ракомет

Македонија дел од „Трофеј Карпати“

Женската ракометна репрезентација од денеска до недела ќе биде дел од силниот турнир „Трофеј Карпати“ што се одржува во Крајова, Романија.

Покрај нашата селекција на турнирот ќе настапат три репрезентации (Романија, Полска и Барзил) кои се дел и од Светското првенство за ракометарки што од 1 до 17.декември ќе се одржува во Германија.

Македонската репрезентација во 16 часот ќе игра против селекцијата на Бразил, додека во вториот дуел од првото коло ќе играат Романија и Полска.

Утре избраничките на селекторот Симе Симовски ќе играат против домаќинот Романија почетокот на дуелот е во 15 часот, додека во недела во последното коло нашата селекција за ривал ќе ја има селекцијата на Полска. Почетокот на натпреварот е во 13 часот.