Connect with us

Фудбал

Македонија едно место погоре на ФИФА ранг листата, нов лидер Франција

Македонската фудбалска репрезентација напредуваше едно место и сега се наоѓа на 70. позиција на ФИФА ранг-листата објавена денеска.

Од противниците на Македонија во групата од Лигата на нации најдобро котира Ерменија (100. место), Лихтенштајн е 180-ти, а Гибралтар се наоѓа на 195. место.

Нов лидер е Франција која бележи скок од шест позиции како резултат на мундијалската титула. На втората позиција се најде Белгија, додека трет е Бразил.

Финалистот на СП 2018, Хрватска, со скок од дури 16 места се најде на четвртата позиција.

Во ТОП 10 се наоѓаат и: Уругвај, Англија, Португалија, Швајцарија, Шпанија и Данска.

Досегашниот лидер Германија по дебаклот на Мундијалот во Русија падна на 15. место.

Следното рангирање Светската фудбалска федерација ќе го изврши на 20 септември.