Connect with us

Ракомет

Македонија поразена од Чешка

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија со пораз од Чешка 30:26 го заврши настапот на турнирот во Полска.

Избраниците на селекторот Данило Брестовац претрпеа два пораза на турнирот, покрај денешниот од Чешка загубија и во 2. коло (вчера) од домаќинот Полска со 34:32, додека на стартот со Белорусија (во петокот) одигра нерешено 27:27.

Во вториот дуел, денеска, Полска ја совлада Белорусија со 30:26.
Првото место на турнирот го освои Полска со шест бодови, Чешка е втора со три, Белорусија има два, Македонија е последна со еден бод.

Овој турнир е во склоп на подготовките за настапот на ЕХФ Шампионатот за кадети летово, односно за Светското кадетско првенство кое наредното лето ќе се игра во Скопје.