Connect with us

Други спортови

Македонските тенисерки убедливи против Азербејан

Александра Симева славеше со убедливи 2-0 во сетови, односно 6-1 и 6-1 против Улвија Сулејманова и донесе водство за Македонија, по што нов триумф запиша Магдалена Стоилковска со 2-0 во сетови (6-0 и 6-0) против Лала Еивазова.

Женската тениска репрезентација на Македонија забележа нов триумф во Третата Европска зона од Били Џин Кинг Купот што се игра во Скопје.

Гејм не загубивме ниту во дуелот во двојки, младите Ива Данева и Ана Митевска со 6-0 и 6-0 ги совладаа Лила Еивазова и Улвија Сулејманова. Мечот траеше само 31 минута.

Утре во третото коло Македонија ќе игра против првиот носител во нашата група, селекцијата на Финска.