Connect with us

Ракомет

Манасков останува во Веспрем до 2020 година

Македонскиот ракометар кој што настапува во тимот на Веспрем, Дејан Манасков потпиша нов договор со унгарскиот тим со траење до 2020 година.

Манасков мина една година во македонскиот шампион Вардар, по што замина во германскиот Рајн Некар, а изминатото лето се приклучи на Веспрем.

Во 21 натпревар за унгарскиот тим, македонскиот репрезентативец има постигнато 64 погодоци.