Фудбал
„Марка“ до Реал: Нели ви е срам?
„Марка“ е весник кој е наклонет кон Реал Мадрид, но сега одлучи да го искритикува „кралскиот“ клуб поради трансфер политиката.
Реал Мадрид го продаде Кристијано Роналдо, но не стигнаа официјални најави за засилувања како Мбапе, Азар или Нејмар, па на крајот дојдоа Тибо Куртоа, Алваро Одриозола, Андриј Лунин, Винсиус Јуниор.
„Дали во шпанската метропола се заситивте од успехот? Дали сте алергични на трансфери? Дали штедите пари за 2019. година? Дали можеби се работи за некаков трик? Нели ви е страм?“, пишува „Марка“ за лошиот преоден рок за „Кралевите“.
„Марка“ исто така се запрашува зошто е доведен Куртоа кога Кејлор Навас со години добро брани и што ќе му се на Реал пет голмани, затоа што дојде и Лунин, а тука се и Касиља и Лука Зидане
Навивачите на Реал исто така се разочарани, сметаат дека требаше да се донесе некоја голема ѕвезда како Кејн или Мбапе да го надомести „губењето“ на Роналдо, но ќе видиме дали водството на Реал до крајот на преодниот рок може нешто да направи и сепак да ја смири јавноста и навивачите.