Connect with us

Тајмаут

Маркизио доживеал вистинска драма во неговиот дом

Вистинска драма се случувала во домот на поранешниот фудбалер на Јувентус, Клаудио Маркизио.

Имено, четири засега непознати лица со маски на лицата упаднале во неговиот дом, му впериле пиштол на фудбалерот и барале да го земат целиот накит кој го имаат во куќата. Фудбалерот тоа и го направил.

Овој настан се случил во вторникот околу 21:30 часот кога Маркизио и сопругата се подготвувале да излезат од својот дом. Полицијата се уште трага по сторителите.