Connect with us

Фудбал

Марсело го освои трофејот кој му е подрагоцен од сите 25 со Реал. Му честиташе и Модриќ

Бразилски Флуминенсе го освои Копа Либертадорес со победата над Бока Јуниорс со 2:1 во продолженијата, а Џон Кенеди го постигна голот во 99. минута со кој ја донесе првата јужноамериканска титула во 102-годишната историја на клубот. Но, важен дел од шампионскиот тим беше легендата на Реал, Марсело, кој одигра 80 минути во финалето.

Летово, на 35-годишна возраст, Марсело се врати во Флуминенсе, неговиот матичен клуб од кој во 2007 година се пресели во Реал, со кого освои 25 трофеи за 15 и пол години, од кои пет за европската титула и шест за шпански шампион. По натпреварот со солзи изјави дека оваа му се допаѓа повеќе од сите.

„Ќе разберат во Мадрид. Ова е најважната титула за мене на клупско ниво. Ова е клубот во кој пораснав“, изјави 35-годишниот дефанзивец.

„Реал секогаш ќе биде во моето срце, но тешко ми е да зборувам за Флуминенсе“.

За големиот и емотивен успех на Марсело му честиташе и неговиот голем пријател Лука Модриќ, кој единствен од неговите соиграчи ја промовираше неговата книга во Загреб. Хрватскиот капитен под шампионската фотографија на Марсело на Инстаграм напиша: „Колку супер! Секоја чест брат“.