Connect with us

Фудбал

Марсело на листата на повредени играчи кај Реал Мадрид

Листата на повредени играчи на Реал Мадрид е зголемена откако од „кралскиот клуб“ објавија дека бекот Марсело го има повредено мускулот на левата нога.
Тој се повреди за време на второто полувреме од дуелот што во средата Реал Мадрид го загуби (0:1) на домашен терен од Бетис.
Се очекува Марсело надвор од теренот да биде околу еден месец. На листата на повредени фудбалери се наоѓаат: Карим Бензема, Тони Крос, Матео Ковачиќ, Хезус Ваљехо и Тео Хернандез.
Актуелниот шампион на Шпанија и европски првак по пет одиграни кола во Ла Лига се наоѓа на осмото место на табелата со осум бодови.