Connect with us

Други спортови

Мерцедес по инцидентот: Мир, мир, мир…

Луис Хамилтон ја презеде одговорноста за инцидентот на почетокот на трката за ГН на Катар во кој го удри својот тимски колега од Мерцедес Џорџ Расел.

Седумкратниот светски шампион остана заробен во песокот, додека Расел отиде во боксот и на крајот го освои четвртото место со одлично возење.

По трката Хамилтон се извини, а Расел секако го прифати извинувањето на својот постар колега.

„Нема тешки зборови. Тука сме да се бориме и да придонесеме за успехот на тимот. Денеска направивме грешки, но на крајот направивме добар резултат. Горд сум на тимот и очекувам да бидеме уште подобри на следната трка во Остин“, изјави Расел.

Џорџ особено рече дека го цени она што го направи Луис.

Секоја чест за неговото извинување. Во секој инцидент се вклучени најмалку две лица“, изјави Расел.

Хамилтон истакнува дека односот меѓу него и Расел е „одличен“.

„Нема проблем со Џорџ. Имаме одлична комуникација и секогаш зборуваме за се“, вели Хамилтон.