Connect with us

Фудбал

Меси доби ново признание, па порача: Што ми остана? Можам сега да кажам дека ги исполнив сите соништа

Шпанска „Марка“ го награди Лионел Меси како играч со најмногу освоени трофеи во историјата на фудбалот (56). По тој повод, Шпанците накратко разговараа со легендарниот Аргентинец, кој од летото 2023 година настапува за американскиот Интер Мајами.

„Што ми остана во фудбалот? Фала му на Бога, можам да кажам дека ги исполнив сите мои соништа. Мојот најголем сон беше да го освојам Светското првенство. Освоив се за клубот на мојот живот, Барселона, а исто така освоив титули во ПСЖ не можам да барам ништо повеќе“, изјави Меси, осврнувајќи се на можноста да игра на Светското првенство во 2026 година, кога ќе има 39 години.

“Во животот се се случува со причина. Се трудам да уживам во тоа од ден на ден. Кога ќе дојде време, ќе видиме, не сакам да брзам. Сега се чувствувам многу добро и се надевам дека ќе продолжи така , па ќе видиме, нема да објавам ништо, одам еден по еден“.