Connect with us

Фудбал

Меси донесе одлука за репрезентативната кариера

Аргентинските навивачи не се среќни поради вестит кои стигаат за одлуката на Лео Меси кога е во прашање репрезентативната иднина.

По разочарувачкиот настап на Аргентина на Мундијалот во Русија и испаѓањето во полуфиналето, Меси одлучи добро да рамнисли за идните репрезентативни акции, па одлучи дека до крајот на 2018. година нема да биде во дресот со државниот грб, пренесува „TNT Sport“.

Истиот извор додава дека Меси наредната година дефинитивно ќе се збогува од репрезентацијата и дека оваа одлука е само вовед во тоа.

Пет кратниот освојувач на Златната топка за репрезентацијата одиграл 128 натпревари, постигнал 65 голови, освои златен медал на олимписките игри во 2008. година во Пекинг, но нема подигнато некој поголем трофеј.

Селекторот Сампаоли автоматски доби отказ после испаѓањето во осмина финалето, па на негово место привремено седна Лионел Сколани. Аргентинците со тешки маки ја поминаа групната фаза од Мундијалот во кој беа во група со Нигерија, Хрватска и Исланд, а испаднаа во осмина финалето од Фреанција каде загубија со 4:3.

Инаку, Меси и претходно се збогуваше од репрезентацијата и тоа минатото лето по неуспехот на Копа Америка, но подоцна го убедиа да се врати.